• сабота, 18 мај 2024

Претседателот на Собранието Митрески на средба со ученици од ОУ „Страшо Пинџур“ од Скопје

Претседателот на Собранието Митрески на средба со ученици од ОУ „Страшо Пинџур“ од Скопје

Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Што работат пратениците, колку треба да се учи за да се стане претседател на Собрание, што прават пратениците за децата и уште многу други прашања му поставија учениците од основното училиште „Страшо Пинџур“ од Скопје на претседателот на Собранието, Јован Митрески, за време на нивната посета на законодавниот дом.

Како што информираат од собраниската прес-служба, второоделенците од ОУ „Страшо Пинџур“ имаа можност да го запознаат Собранието одблизу, ги разгледаа собраниските сали, се информираа за работата на претседателот на Собранието и на пратениците, а детската љубопитност, како што велат, ја предизвика и едукативната стрип боенка „Како Риса го запознава Собранието“.

Стрипот на наједноставен начин ја доближува работата на пратениците до најмладите, а истовремено ги едуцира децата која е постапката да се предложи и да се донесе еден закон.

Публикацијата е изготвена во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), која е поддржана за од швајцарската Агенција за развој и соработка. Програмата за парламентарна поддршка се спроведува преку Националниот демократски институт (НДИ), Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје, и Центарот за управување со промени.вј/ев/

Фото: Собрание

Остани поврзан