• среда, 18 декември 2024

Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе

Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе

Мадрид, 14 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез не е задоволен од настапот на Килијан Мбапе во тимот на европскиот клупски шампион, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Еден од проблемите со Мадрид е недостатокот на лидер, а според членовите на управата тоа би требало да биде Мбапе.

Францускиот интернационалец е привлечен со статус на ѕвезда. Реал Мадрид сака Мбапе што побрзо да стане главен играч во тимот.

Претседателот на „белите“, Флорентино Перез му порача на тренерот Карло Анчелоти дека „ова не е Мбапе со кој потпишал“ пред неколку месеци, а стрелецот мора да излезе од сенка и да стане лидер.

Самиот Анчелоти, исто така, сака многу посилни настапи на теренот од 25-годишниот Французин.

Во тековната сезона Килијан Мбапе одигра 11 натпревари во Примера и постигна 6 голови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан