• вторник, 02 јули 2024

Претседателот на Нагорно Карабах се приклучи на армијата на фронтот

Претседателот на Нагорно Карабах се приклучи на армијата на фронтот
Ереван, 3 октомври 2020 (МИА) - Претседателот на самопрогласениот ерменски регион во Азербејџан, Нагорно-Карабах, Арајик Арутјунјан изјави дека тој лично се упатил на фронтот во борбата против азербејџанската армија. Обраќајќи се на армијата и на волонтерите во земјата, тој рече дека се водат тешки битки со различен интензитет по целата линија на фронтот, јави ерменската новинска агенција Арменпрес. Според него, гранатирани се цивилни населби, вклучително и главниот град Степанакерт. - Нацијата и татковината се загрозени. Правото на слободен, независен и достоинствен живот на земјата ослободена со крв на нашите храбри синови е загрозена, рече Арутјунјан. Тој додаде дека во моментов се движи кон првата линија на фронтот со единиците на специјалните сили со цел да придонесе во борбата, бидејќи, како што рече, отсега ќе биде покорисен на фронтот отколку во позадина. - Ова е нашата последна битка, која сигурно ќе ја добиеме заедно. Јас сум со вас до победата. На оружје. Ние ја имаме честа, рече Арутјунјан. паг/

Остани поврзан