Претседателот на Коморски Острови полесно повреден во напад со нож
- Претседателот на Коморски Острови, Азали Асумани е лесно повреден при напад со нож
Морони, 13 септември 2024 (МИА) – Претседателот на Коморски Острови, Азали Асумани е лесно повреден при напад со нож.
Нападот се случил во градот Салимани Ицандра, во близина на главниот град на Комосрски Острови, Морони.
Асумани присуствувал на погреб, кога бил избоден од млад полицаец, кој е уапсен. Мотивите за нападот сè уште не се познати.
Асумани (65) е поранешен началник на Генералштабот на вооружените сили. Тој дојде на власт со воен удар и беше избран за претседател во јануари годинава. Неговиот избор беше оспорен од опозицијата и уследија дводневни крвави протести.
Критичарите го обвинуваат Асумани за авторитарно владеење со архипелагот, кој брои од околу 870.000 жители. ми/
фото: ЕПА