• понеделник, 23 декември 2024

Претседателката на Универзитетот Харвард, Колин Геј, се повлекува од функцијата

Претседателката на Универзитетот Харвард, Колин Геј, се повлекува од функцијата

Вашингтон, 3 јануари 2024 (МИА) - Претседателката на Универзитетот Харвард, Клодин Геј, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата.

„Со тешко срце, но со длабока љубов кон Харвард, ви пишувам дека ќе се повлечам од функцијата претседателка“, напиша Геј во писмото до харвардската заедница, пренесе Си-Ен-Ен.

„По консултациите со членовите на корпорацијата, стана јасно дека во најдобар интерес на Харвард е да поднесам оставка за да може нашата заедница да се справи со овие предизвикувачки времиња со фокус на институцијата, а не на поединецот“.

Геј не кажа кога планира и официјално да се повлече, но додаде дека било „неописливо тешко“ да се донесе оваа одлука.

„Ми беше тешко да се справам со сомнежите за мојата посветеност да се спротивставам со омразата и да ја одржувам научната строгост - двете основни вредности што се основата на тоа која сум јас- и страшно е да бидам подложна на лични напади и закани поттикнати од расна омраза“, напиша Геј.

Таа поднесе оставка по само шест месеци од нејзиниот претседателски мандат. Геј е првата црна претседателка на Харвард во неговата речиси 400-годишната историја и втората жена на оваа позиција.

Таа се најде на удар на критики по сослушувањето во Конгресот минатиот месец, како и поради актуелниот скандал со плагијат.

Геј беше обвинета дека избегнувала директни одговори на прашањата во Конгресот и дека не направила доволно за да се бори против малтретирањето и вознемирувањето на еврејските студенти.сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан