• понеделник, 15 декември 2025

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Скопје, 25 септември 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска  го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани.

Како што известуваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/са/


Фото: МВР

Остани поврзан