• петок, 28 јуни 2024

Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер

Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, вчера по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд  Скопје, извршија претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско, при што се пронајдени марихуана, дигитална вага и еден куршум. 

Како што информира МВР, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.вј/са/

Фото: МВР

Остани поврзан