• четврток, 27 јуни 2024

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведен дилер

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Во Велес полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера го лишиле од слобода Г.Ш.(44) од Велес.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

За настанот бил  известен јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  цр/са/

Фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан