• сабота, 23 ноември 2024

Претреси во Струмица, расчистени кривични дела, пронајдени украдените предмети

Претреси во Струмица, расчистени кривични дела, пронајдени украдените предмети

Скопје, 21 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица денеска го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Струмица, во чиј дом бил извршен претрес со судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

-Во извршен службен разговор во полициска станица, осомничениот признал дека на 11.04.2023 извршил кривично дело тешка кражба во деловни простории, сопственост на правно лице во Струмица, а украдените лап топ компјутери ги продал на лице од Струмица. По преземени мерки, украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. Истиот ден полициски службеници од СВР Струмица, постапувајки по судска наредба, извршиле претрес и во домот во кој престојувал О.Х. (40) од Струмица, при што биле пронајдени часовници, парфеми и други предмети, кои потекнуваат од кражба извршена на 18.04.2023 година во куќа во Струмица. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР. дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан