• среда, 30 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ на Скопска Црна Гора

Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ на Скопска Црна Гора

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица – Скоропослушничка, ќе пристигне утре во 16 часот во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Побожје, на Скопска Црна Гора, информира Скопската епархија на МПЦ-ОА.

Иконата ќе биде донесена од монаси од манастирот Дохијар на Света Гора и верници од Скопската епархија, а ќе биде дочекана пред манастирската порта од Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со свештенство, монаштво и верен народ.

По пристигнувањето ќе биде отслужена Воскресна вечерна богослужба со која ќе началствува г.г. Стефан, а присутните ќе имаат можност да се поклонат пред чудотворната икона на Мајката Божја.са/дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан