• понеделник, 23 декември 2024

Премиерот Мицкоски ќе се сретне со претседателката на Судскиот совет

Премиерот Мицкоски ќе се сретне со претседателката на Судскиот совет

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска заедно со министерот за правда Игор Филков ќе оствари средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

Како што информираат од Владата, средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата за предлози за реформи во Судскиот совет.

По завршување на средбата, претседателот на Владата ќе даде изјава за медиумите. ев/бак/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан