• недела, 21 јули 2024

Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на детска градинка во Трубарево

Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на детска градинка во Трубарево

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Трубарево во општина Гази Баба. 

Детската градинка ќе има капацитет да згрижи 60 деца. Ќе се протега на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат три занимални за деца, административни простории и останати помошни простории.

Вкупна инвестиција во првата фаза ќе изнесува 19.000.000 денари. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан