Кривична пријава за возач кој удрил пешак на бул. „Партизански одреди”
- Во СВР Скопје вчера од ГОБ „8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесена З.А.(68) од Скопје, која била повредена во сообраќајна несреќа на бул. „Партизански одреди” во Скопје, при што и биле констатирани тешки телесни повреди. Во неа удрило патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(26) од Скопје.

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Во СВР Скопје вчера од ГОБ „8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесена З.А.(68) од Скопје, која била повредена во сообраќајна несреќа на бул. „Партизански одреди” во Скопје, при што и биле констатирани тешки телесни повреди. Во неа удрило патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(26) од Скопје.
Известен е јавен обвинител и против В.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.лв/
фото:МИА архива