Премиерот Бајру и членовите на новата француска Влада на средба со Макрон во Елисејската палата
- Членовите на новата влада на францускиот премиер Франсоа Бајру денеска ќе се сретнат со претседателот Емануел Макрон во Елисејската палата, пренесува БФМ.
Париз, 3 јануари 2025 (МИА) - Членовите на новата влада на францускиот премиер Франсоа Бајру денеска ќе се сретнат со претседателот Емануел Макрон во Елисејската палата, пренесува БФМ.
Француските претставници, заедно со Бајру, ќе појадуваат со Макрон во 10 часот, по што премиерот ќе го претстави новиот предлог-буџет.
Бајру вчера се сретна со Макрон на работен ручек, а претходно повика на „заедничка одговорност“ на кабинетот на претседателот и премиерот кога станува збор за носење одлуки на највисоко ниво.
Новата влада „мора да биде способна да прави компромиси за да дејствува“, како и „да обезбеди раст преку одржување на финансиите“, рече Бајру.
Центристичкиот премиер неодамна го замени десничарот Мишел Барние, кој на оваа функција беше само три месеци. рп/
Фото: ЕПА