• петок, 22 ноември 2024

Премиера на францускиот филм „Нешто малку поинакво“

Премиера на францускиот филм „Нешто малку поинакво“

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, вечер во киното „Синеплекс“ во Скопје Сити Мол ќе биде прикажан филмот „Нешто малку поинакво“. Се работи за ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните десет години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници.

Според француските медиуми, „Нешто малку поинакво“ е гротескен, смешен, а истовремено и многу трогателен со симпатични ликови. Вистинска лекција за хуманост и скромност. 

По премиерата, филмот ќе биде на репертоарот на „Синеплекс“, од 31 октомври до 6 ноември 2024. мд/аа/

Фото: Плакат

 

 

 

 

Остани поврзан