• понеделник, 23 декември 2024

Презентирани програми во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2

Презентирани програми во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2

Скопје, 11 мај 2023 (МИА) - Подобра соработката помеѓу локалните самоуправи и граѓанските организации имаат за цел програмите од четиресет и петте граѓански организации, кои денеска беа презентирани во Europe House во Скопје. Програмите кои беа презентирани се темелат на принципот на транспарентно финансирање, а нивната имплементација е во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 - ReLOaD2. 

На настанот на којшто присуствуваа и амбасадорот на ЕУ во  Северна Македонија, Дејвид Гир и Армен Грегоријан, постојан претставник на УНДП, беше најавен и почетокот на втората фаза од проектот.

-Многу често кога ги имаме состаноците тука вака со медиумските претставници, секогаш зборувам за големите инфраструктурни проекти коишто се реализираат, за чија реализација помага ЕУ. Меѓутоа денеска  ќе зборувам за инфраструктурен проект којшто засега локалното население, рече Гир.  

Тој информира дека овој проект е  дел од Програмата за регионален развој којшто го вклучува цел Западен Балкан, финансирана од ЕУ, а се спроведува од  Програмата за развој на ОН, всушност е наменет за поддршка на локалните  иницијативи коишто  се спроведуваат во партнерство со граѓанските организации коишто всушност се тие коишто се најблиску до граѓаните и се разбира се спроведува и со локалните власти. 

-Исто така, денеска ќе можеме да ги слушнеме излагањата на 45 граѓански организации коишто всушност се занимаваат со практични работи во осум градови на РСМ. Цсушност ќе слушаме излагање од овие граѓански организации коишто се вклучени во различни активности како што  е извидништво, исто така изградба на велосипедски патеки коишто се дел од зелената агенда на самата земја. Се разбира исто така на активности коишто вклучуваат врсничко насилство, па и ред други активности за кои јас сум убеден дека вие ќе уживате во нивните излагања, коишто всушност преку овие активности навистина прават разлика во животите на обичните граѓани, посочи амбасадорот.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Грегоријан  потенцираше дека почнува втората фаза од проектот.

-Денес ми претставува задоволство што ќе може да го најавивме значи почетокот на втората фаза на проектот којшто всушност се спроведува од страна на УНДП, а е финансиран од страна на ЕУ. Всушност се кофинансира од страна на УНДП, ова е веќе денешната фаза, изјави Грегоријан. свс/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан