Презентација на Годишниот извештај за темелните права на Агенцијата за темелни права на ЕУ
- Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата заедно со Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, денеска во Собранието ќе го презентираат Годишниот извештај за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската Унија.
Скопје, 22 септември 2023 (МИА) - Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата заедно со Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, денеска во Собранието ќе го презентираат Годишниот извештај за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската Унија.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на презентацијата на извештајот воведни обраќања ќе имаат Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, членка на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со посебни способности; Љатифе Шиковска, пратеничка, претседателка на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, членка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за труд и социјална политика; Бен Нупнау, заменик-шеф на мисијата на Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија; Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика – Скопје; Златко Атанасов, државен советник - раководител на посебната организациона единица, Парламентарен институт при Собранието на Република Северна Македонија.
Поглавјата „Еднаквост и недискриминација“ и „Расизам, ксенофобија и нетолеранција“ ќе ги презентира авторката Билјана Котевска, Несиме Салиоска - поглавјето „Еднаквост и инклузија на Ром(к)ите“, Елена Стојановска - поглавјето „Информатичко општество, приватност и заштита на податоци“, Ирена Здравкова - поглавјето „Азил, визи, миграција, граници и интеграција“, Александра Богдановска - поглавјето „Директива за права на жртви“, Маја Балшиќевскa - делот „Насилство врз жени“, Елена Кочоска - поглавјето „Развои во врска со спроведувањето на Конвенцијата за права на лица со попреченост“.
По презентацијата на поглавјата од Извештајот, предвидено е да се одржи и панел-дискусија на тема „Темелните права во Северна Македонија во 2023 година и патот напред: Улогата и заложбите на законодавната и извршната власт“, на која ќе се обратат пратениците Маја Морачанин, Љатифе Шиковска, Снежана Калеска Ванчева, Фадил Зендели, Санела Шкријељ, Арбана Пашоли и Рина Ајдари.фф/aa/
Фото. МИА Архива