• вторник, 11 март 2025

Пред штипските студенти промовиран проектот „Промоција на безбедна училишна средина“

Пред штипските студенти промовиран проектот „Промоција на безбедна училишна средина“

Штип, 19 декември 2024 (МИА) - Потребно е изготвување на протоколи со кои јасно ќе се стандардизира насилството во училишните средини, беше истакнато денеска на Факултет за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип, од страна на универзитетските професори, а  во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

Универзитетскиот професор, Трајче Стојанов изјави дека  Факултетот за образовни науки при УГД органиира почетен настан насловен „Скриеното лице на насилството“. Проектот има за цел да ја сензибилизира наставничката фела за препознавање и превенирање на насилството во училиштата и да придонесе кон создавање побезбедна средина за сите ученици. Во рамките на проектот ќе следат повеќе активности кои ќе завршат со публикација на „Прирачник со протокол за безбедна училишна средина“ кој ќе биде објавен следната година.

-Во поново време се поизразено е сајбер насилството, кое кај жртвата остава огромни траги, а за жал насилникот во поголем дел од случаите поминува без да биде казнет.Тоа се случаеви  кои оставаат траги кај жртвата, а насилникот не бива таргетиран како таков. Идејата е токму тоа, прво да се сензилибират стручните служби и изработката на протоколот да овозможи стандардизиран процес, прво на препознавање, класифицирање на типот и видот на насилството и отклучување на механизми за справување со истотот, вели Стојанов.

Тулаха Тахир, од Македонски центар за граѓанско образование истакна дека наставниците, не често се справуваат со насилството во училиштата.

- Прво многумина од нив, секоја чест на исклучоци, треба да ги идентификуваат разните видови, разните методи, пристапи, решавања на конфликти, изјави  Тахир.

Наставниците се клучна алка во синџирот и затоа е потребно уште од студентските клупи, да бидат обучени  за да може правилно да го детектираат скриеното лице на насилството.

-Наставникот, може и тоа како да дејствува превентивно, бидејќи тој е непосредно работи со учениците. Затоа се важни ваквите  нада го почувствува кој од децата е жртва, а кој насилник, рече универзитетскиот професор на Факултет за образовни науки-Штип, Оливер Цацков.

Анализите укажуваат дека бројот на ученици кои пријавуваат дека се жртви на злоупотреба се намалува со возраста, односно ако децата се постари ретко се обраќаат за помош. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Остани поврзан