• среда, 03 јули 2024

Предлозите за конкурсот на Здружението за култура и уметност од Тетово ќе се праќаат електронски

Предлозите за конкурсот на Здружението за култура и уметност од Тетово ќе се праќаат електронски
Тетово, 30 март 2020 (МИА) - Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово го прилагодува конкурсот за најдобра необјавена песна и ликовна творба за деца, млади и возрасни „Мајски латици“, согласно мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Наместо по пошта, предлозите сега треба да се испраќаат по електронска пошта, а продолжен е и рокот на испраќање. -Конкурсот за најдобра необјавена песна за деца, млади и возрасни на тема „Мајски латици“ се продолжува до 15 април. Напишаните песни треба да се достават на електронската адреса iljoanteskismok@yahoo.com. Треба да се пратат два ворд документи. Во едниот е песната, да стои шифра на песната и во која категорија ќе конкурирате. Во вториот да стои шифра на песната со лични податоци: име и презиме, ден месец и година на раѓање, одделение /клас/училиште или факултет, место и адреса на живеење, телефонски број за контакт и е-маил, соопшти Здружението. На конкурсот за најдобра необјавена песна има категории деца, млади и возрасни и ќе се доделат прва награда, две втори и три трети награди. Песните треба да бидат на македонски јазик. Истите категории и награди ќе ги има и за конкурсот за ликовна творба каде техниката е по слободен избор на авторот.ас/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан