• недела, 22 декември 2024

Предлог за притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Предлог за притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) – ОЈО Гостивар поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување одредени докази за трите приведени лица во врска со вчерашното убиство во Гостивар.

По истекот на тој законски рок, како што информираат од ОЈО Скопје, обвинителството ќе извести за истражната постапка и новите мерки за обезбедување што ќе бидат предложени. 

- Согласно првичните сознанија, мотив за убиството се подолготрајни несогласувања и конфликти меѓу сторителите и жртвата, стои во соопштението од ОЈО.

Вчера околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.

- Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тиe во моментот на извршувањето биле во патничко возило „Волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со која го извршил делото, наведе вчера портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. ар/вг/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан