• петок, 22 ноември 2024

Предавања и мастер-класови по кулинарство на Факултетот за туризам во Охрид

Предавања и мастер-класови по кулинарство на Факултетот за туризам во Охрид

Охрид, 8 октомври 2024 (МИА) – Готвачки брендови, најнови трендови во угостителството, висока гастрономија, креирање сезонско мени, што е бранч и кога се служи, специфики на балканската кујна...Тоа се темите на дискусија во рамки на осмото издание на манифестацијата „Гастромак и пријателите 2024“ што од утре ќе се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

На настанот етаблирани готвачки имиња од поранешните југословенски простори и пошироко, како и познати судии од Светската асоцијација на готвачи, пред заинтересираните ќе одржуваат предавања и мастер-класови. Уве Мишел, потпретседателот на Светската организација на готвачи Wacs, Вакс-судијата Изток Легат, Стево Карапанџа, Драгица Лукин, Жељко Невен Бремец,  Дон Давид, Вуко Митровиќ, Хамид Хаџиќ, Асан Даутовиќ наредните два дена ќе одржат интересни предавања од областа на гастрономијата, а Драгица Лукин ќе одржи мастер-клас по пекарство и слаткарство, додека Жељко Бремец, Хамид Хаџиќ и Никола Мишковски на темата Специјалитети на куќа со локални продукти (риба, месо и зеленчук).

Самата манифестација има за цел мотивација на студентите во насока на унапредување на домашната гастрономска сцена. 

Иако наменети за студентите на ФТУ, влезот е слободен и за сите што се заинтересирани за настанот.

Овој гастро-едукативен настан се одржува во коорганизација на „Гастромак“, Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и Општина Охрид. аб/дма/

фото: плакат

 

Остани поврзан