Преговорите Кина - ЕУ за царините на електричните возила завршија без резултат
- Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека преговорите во Брисел за царините што ЕУ ги воведе за електричните возила увезени од Кина завршија со „големи несогласувања“
Пекинг, 12 октомври 2024 (МИА) – Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека преговорите во Брисел за царините што ЕУ ги воведе за електричните возила увезени од Кина завршија со „големи несогласувања“.
- Преговарачите не постигнаа решение прифатливо за двете страни иако направија значителен напредок во одредени области, се наведува во соопштението на кинеското МНР.
Следниот круг преговори ќе се одржи во Кина, а од 20 септември имаше осум рунди преговори во Брисел.
Земјите-членки на ЕУ вчера гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг.
Европска комисија воведе данок од 10 отсто, што веќе е во сила, како и плус доплата до 35 отсто за возилата со батерии од кинеско производство, што ќе стапи во сила на крајот од месецот.
Воведувањето царини Пекинг го оцени како „неправедна и неразумна протекционистичка практика“ и веќе одговори со воведување контра-царини за свинско месо, млечни производи и алкохолни пијалаци на база на вино увезени од ЕУ, вклучително и коњак. ми/
фото: МИА архива