• сабота, 11 мај 2024

Превенивна акција на СВР-Битола во Ресен и Македонски Брод

Превенивна акција на СВР-Битола во Ресен и Македонски Брод
Ресен, 28 јули 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола-Полициска станица Ресен, во Ресен и селата Јанковец и Златари, ресенско и Полициска станица Македонски Брод во селата Самоков, Горно Зркле, и Долни Манастирец презеле превентивни мерки и активности за заштита од пожари. Акцијата е во рамки на проектот на МВР „Безбедно лето" при што со месното население беше разговарано околу ризиците од палење оган на отворен простор и последиците од истиот за што беа поделени и летоци со едукативна содржина, соопштија од СВР-Битола. мт/ев/

Остани поврзан