• вторник, 05 ноември 2024

Прв курс за УЕФА Ц-тренерска лиценца во ФФМ

Прв курс за УЕФА Ц-тренерска лиценца во ФФМ
Скопје, 17 мај 2022 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за едукација во периодот од 10 до 15 мај во хотел „Истатов“ во Дојран го организираа првиот курс за добивање УЕФА Ц-тренерска лиценца во Македонија. Како што информираат од ФФМ, на курсот биле присутни сите пријавени 36 кандидати кои успешно ги комплетирале обврските поврзани со теоретско-практичната настава одржана на семинарот во рамките на група 1. Дополнуваат дека поради големиот интерес и пријавените повеќе од 100 кандидати, покрај првата, Центарот за едукација при ФФМ формирал уште две групи. Вториот курс за група 2 во рамките на првата генерација кандидати за добивање на УЕФА Ц-диплома ќе се одржи во периодот 23 до 28 мај 2022, додека, третиот, наменет за група 3, ќе се одржи во периодот од 6 до 11 јуни 2022. Двата курса ќе бидат организирани во хотел „Истатов“, Дојран. ар/лв/

Остани поврзан