• петок, 22 ноември 2024

Пратеничките Ласовска и Адеми на 62.Генерално Собрание на ПАБСЕЦ

Пратеничките Ласовска и Адеми на 62.Генерално Собрание на ПАБСЕЦ

17 ноември 2023 

Благица Ласовска и Вјолца Адеми, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното Собрание на организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕЦ), учествуваат на 62.Генерално Собрание на ПАБСЕЦ, што се одржува од 16 до 17 ноември во Киев, Украина.

 

Генералното собрание го отвори Руслан Стефанчук, претседател на Врхвната Рада на Украина, а преку видео порака, се обрати и Влодимир Зеленски, претседател на Украина.

 

Покрај нив, свое обраќање имаше и Асаф Хаджиев, генерален секретар на ПАБСЕЦ, а од страна на Фатих Домез, шеф на Делегацијата на Туркије, беше пренесена и пораката од Хакан Фидан, претседавач со БСЕЦ и министер за надворешни работи на Туркије.

 

Во рамките на генералната дебата на тема „Зајакнување на улогата на парламентарните собранија во унапредувањето на безбедноста и соработката во регионот на Црното море врз основа на принципот на меѓусебна почит за територијален интегритет и суверенитет“, Благица Ласовка, како претставник на нашата Делегација, истакна дека регионот на Црното море е крстопат на култури, цивилизации и интереси. Геополитичката значајност не може да се негира, бидејќи служи како мост меѓу Европа, Азија и Средниот исток.

Руската агресија на Украина е длабоко загрижувачко прашање кое имаше далекусежни импликации за регионот и светот. Настаните што се случија во Украина служат како остар потсетник за важноста од почитување на меѓународното право, почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите и барање мирни решенија за конфликтите.

Имајќи го ова предвид, клучно е за нас, како парламентарци, да играме клучна улога во поттикнувањето на стабилноста, безбедноста и соработката, водени од принципите на заемно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет.

Мирниот соживот на нациите во регионот на Црното Море и пошироко е фундаментален принцип што мораме да го поддржуваме.

Со зајакнување на улогата на парламентите во унапредувањето на безбедноста и соработката во регионот на Црното Море, можеме да изградиме посветла иднина за нашите народи и да обезбедиме Црното Море да стане симбол на мирот, стабилноста и просперитетот, заврши таа.

Во текот на Првата сесија по усвојувањето на дневниот ред, се расправаше за утврдување на кворумот за собраниските состаноци и за процедурални прашања на Генералното собрание. Беа одобрени новите акредитиви, беше донесена одлука за зголемување на

бројот на потпретседатели и беа претставени кандидатите за потпретседатели, за генерален секретар, за заменик на генералниот секретар задолжен за интерпарламентарни односи и протокол, и беше донесена одлука како да се постапи за избор на заменик на генералниот секретар задолжен за административни и финансиски прашања.

 

Потоа, беше усвоен стенограмот од 61.Генерално Собрание одржано на 5 мај во Анкара, беше усвоен Извештајот за прогрес на Парламентарното собрание и беше донесена одлука за реорганизација на Меѓународниот секретаријат.

 

Во Втората сесија, беше донесена одлука за зголемување на бројот на потпретседатели од 7 на девет и беа избрани 4 потпретседатели-претставници од делегациите од Албанија, Грузија, Романија и Туркије.

 

На Асаф Аджиев му беше доделен уште еден мандат на генерален секретар, додека за изборот за заменик на генерален секретар задолжен за меѓупарламентарни односи и протокол беше одлучено да се повтори постапката.

 

Исто така, секретарот на Комисијата за култура, образование и социјални прашања беше избран за уште еден мандат, додека именувањето на секретарот на Комисијата за правни и политички прашања беше одложено за наредната сесија.

 

По реализираните избори, Собранието го усвои Буџетот за 2024 година и ја избра Комисијата за буџет.

 

Во рамките на Генералното собрание, седници одржаа и Комисијата за култура, образование и социјални прашања, Комисијата за економија, трговија и финансии, Комисијата за технологија и еколошки прашања и Комисијата за правни и политички прашања, на кои беа разгледани и усвоени соодветните извештаи и препораки.

 

Членовите на Генералното собрание, од страна на генералниот секретар, Лаѕар Команеску, беа информирани и за активностите на црноморската организација за економска соработка.

 

Пред крајот на Собранието, претседавањето со ПАБСЕЦ му беше предадено на Република Албанија.

 

Работата на 62. Генерално собрание беше заклучено со обраќањето на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина.

Сектор за односи со јавноста

Собрание на Република Северна Македонија 

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Собрание на Северна Македонија 

Остани поврзан