• понеделник, 20 мај 2024

Пратеничката Фаница Николоска на седница на Комисијата за култура, наука, образование и медиуми на ПССЕ

Пратеничката Фаница Николоска на седница на Комисијата за култура, наука, образование и медиуми на ПССЕ

Скопје, 5 декември 2023 

Фаница Николоска, во својство на членка, учествува на седницата на Комисијата за култура, наука, образование и медиуми на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што се одржува на 4 и 5 декември 2023 година во Париз, Франција.

Во текот на дводневната работа, членовите на Комисијата ги разгледаа извештаите за Спротивставување на Стратешките тужби против учеството на јавноста (СЛАПП), како манипулација на судскиот систем, со што се поткопува неговата вродена заштитна улога со негова злоупотреба, за онлајн образованието и посебните образовни потреби на децата со посебни потреби и потешкотии во учењето, пропагандата и слободата на говорот во Европа, гарантирањето на слободата на медиумите и безбедност на новинарите како обврска на земјите членки, како и за културното наследство и климатскитње промени и ризиците и можностите на метаверзумот.

Комисијата расправаше и за Музејската награда на Советот на Европа за 2024 година.

 

Собрание на Република Северна Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан