• сабота, 23 ноември 2024

Правото на заштита за време на бременост, раѓање и родителство дел од измената на Правилникот на ФФМ

Правото на заштита за време на бременост, раѓање и родителство дел од измената на Правилникот на ФФМ
Фудбалерките имаат право на породилно отсуство за време на склучениот професионален договор со клубот со надомест од 2/3 од висина на платата која ја добиваат според самиот договор, а кога се вратени од породилно отсуство, во период на извршување на клупските обврски, треба да им се овозможи доење на бебето. За таа цел клубот треба да обезбеди соодветен простор според законските прописи и регулативи. Се посочува дека бременоста, породилното отсуство или користењето на правата кои произлегуваат од мајчинството, генерално не смеат да бидат условени со одредбите на професионалниот договор склучен меѓу клубот и фудбалерот во женска конкуренција. Па така, доколку клубот го раскине договорот со фудбалерката поради бременост, забременување, породилно отсуство или користење на правата кои произлегуваат од мајчинството, генерално, ќе се смета дека договорот е раскинат од страна на клубот без соодветна причина, освен доколку не се докаже спротивното.
Дополнително, доколку договорот е прекинат поради оваа причина, клубот треба да ја обештети фудбалерката доколку самата не склучила договор со нов клуб или во случај во периодот на донесувањето на одлука, фудбалерката склучила нов договор на клубот. Покрај обврската на клубот кој еднострано го раскинал договорот со фудбалерот да изврши исплата на надоместок, ќе му биде изречена и санкција за забрана на регистрација на фудбалери на два цели и последователни преодни рокови. Клубот ќе може да регистрира нови фудбалерки исклучиво по истекот на спортската санкција. ар/лв/

Остани поврзан