• вторник, 05 ноември 2024

ПП Левица: Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со „Алијанса за Албанците и Алтернатива“

ПП Левица: Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со „Алијанса за Албанците и Алтернатива“

Скопје, 27 август 2024

 


Деновиве е обелоденет скандалозен документ дека Максим Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со „Алијанса за Албанците и Алтернатива“. Членови на овие партии, со по еден освоен советник добиваат 30% учество во општинските установи и јавни претпријатија, нивните управни и надзорни одбори - што само го потврдува етнополитизирањето на институциите и ги надминува пропорциите предвидени со погубниот Охридски рамковен договор!

Додека формално се залагаат за укинување на балансерот, ВРЕДИ и ЗНАМ тераат договори со партиски вработувања по квота, со што де факто признаваат местење на конкурси на директори кои по закон се избираат со јавен оглас.

Практично, додека во јавноста постојано гледаме како партиите кои формираа Влада глумат опозиција сами на себе, под закрила на националната пизма, позади затворени врати сложно го делат државниот колач. Потврдата дека ЗНАМ во Влада е кооперативен со балистичката ВРЕДИ беше дадена пред неколку дена  од Орхан Муртезани.

Јасна е соработката помеѓу проектот ЗНАМ со балистичките субјекти Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои многукратно во овој краток период, го погазија македонското знаме и јазик, ги злоупотребија функциите за претставување моќ и ги преименуваат улиците од имиња на македонски партизани во имиња на балисти.

Ухлебувањето по етнопартиски клуч во општинските установи не било доволно, па така, Димитриевски се обврзал на тоа да додели минимум 27% од инвестициите по желба на партиите кои освоиле вкупно два, односно по еден советник.

Ова е само ситница од заткулисните игри позади затворени врати. Додека во јавноста гледаме како ЗНАМ се оградува од шовинистичките политики на „ВРЕДИ“, комплетно очевидна е совршената соработка зад затворени врати.

Оттука, и покрај утврдената состојба за коалициски долгогодишната соработка, Левица ги повика пратениците на ЗНАМ да покажат барем малку достоинсто и да  застанат на вистинската страна при гласањето на интерпелацијата за спикерот Африм Гаши. Во спротивно, наместо да се заштити угледот на функцијата и достоинството на државата, ЗНАМ останува алатка која го поддржува дивеењето и варваризмот на Гаши!

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан