• петок, 22 ноември 2024

По 11-ти пат одржана традиционалната бадникова поворка низ улиците на Охрид

По 11-ти пат одржана традиционалната бадникова поворка низ улиците на Охрид

Охрид, 5 јануари 2024 (МИА) – Неколку стотини деца учествуваа на годинешната бадникова поворка низ улиците на Охрид, ден пред големиот христијански празник Божик.

Тие со бадникови гранчиња во рацете и со песна ја донесоа веселата вест за Христовото раѓање.

Поворката тргна во 10:30 часот од црквата „Св. Георги“ во Горна Влашка маала и преку улицата „Јане Сандански“, булеварот „Туристичка“ и низ охридската чаршија во 11:30 часот пристигнаа на  Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ каде пред бадниковата пештера ги пречека пречека градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој ги даруваше со подароци.

- Ние како локална самоуправа заедно со организаторите на манифестацијата обезбедивме пригодни пакетчиња за сите коледарчиња. Вакви традиционални работи кои го подигнуваат духот на народот сметам дека е добро да се одржуваат и да останат традиција долги, долги години затоа што самтоа не одржало низ вековите, рече Пецаков.

Бадниковата поворка во Охрид се одржува по 11 пат, во оргнизација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид, со поддршка на локалната самоуправа.

- Благодарение на заложбите на нашиот епископ, г-дин Партениј, успеавме да створиме една традиција на бадниковите поворки кои не само во Охрид се прошири низ сите градови на Македонија. Благодарение на децата учесници оваа година добивме и награда за трајни вредности од Агенцијата за верски заедници. Децата нека ни бидат пример за сплотеност, љубов и за соживот, рече Летка Филиповска од организацискиот одбор на бадиковата поворка. аб/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан