• понеделник, 23 декември 2024

По шест третмани, Хју Џекмен повторно на преглед за рак на кожата

По шест третмани, Хју Џекмен повторно на преглед за рак на кожата

Канбера, 4 април 2023 (МИА) - Хју Џекмен откри дека повторно е подложен на тестови за рак на кожата по неодамнешен преглед на лекар. Австралискиот глумец говореше за своето здравје на својот интернет-простор, предупредувајќи ги следачите да одат на редовни прегледи и да се заштитат од Сонцето.

- Здраво луѓе! Сакав да го слушнете ова од мене. Само што направив две биопсии, очекувам резултати од тестот следниве неколку дена. Само да ве потсетам, ракот на базалните клетки е најмалку опасен, но се надевам дека ова ве охрабрува да се заштитите од онцето, изјави 54-годишниот глумец.

На Џекмен првпат му беше дијагностициран рак на кожата во 2013 година, кога шминкерот на снимањето на „Ексмен“ (X Men) го предупредил за необичен израсток на носот, па сопругата го убедила да оди на лекар... Оттогаш, лекарите му го отстраниле тој израсток шест пати.

Карцином на базалните клетки е вид рак на кожата за којшто се верува дека е предизвикан од прекумерна изложеност на ултравиолетовите зраци и солариум. Тоа е најчестиот рак на кожата.  си/

Остани поврзан