• понеделник, 23 декември 2024

По појавата на салмонела кај неколку дечиња во Берово, лекарите со препорака кон поголема хигиена и обработка на храната во Детската градинка ,,23 Август"

По појавата на салмонела кај неколку дечиња во Берово, лекарите со препорака кон поголема хигиена и обработка на храната во Детската градинка  ,,23 Август

Берово, 11 февруари 2024 (МИА) - Да биде извршена вонредна дезинфекција и да се води поголема хигиена во установата. Ова е главното барање до надлежните од беровската детска градинка ,,23 Август" каде во изминатиот период кај 12 деца беше откриена бактеријата салмонела, но истата не беше утврдена во храната и на површините во самата кујна каде се приготвуваат оброците за децата згрижени во градинката.

Драган Јанев од ПЗУ „д-р Самарџиски" вели дека главниот начин на добивање салмонела е преку заразена храна.

-Тоа значи недоволно термички обработено месо, јајца, млеко и продукти од слична природа. Но самите деца, поточно заболени може да ги пренесуваат спорите на самата салмонела во околината , да ги загадуваат самите површини, така да салмонелата може да се пренесува од човек на човек и покрај тоа што се пренесува од недоволно обработена храна, вели Јанев.

Бактеријата како што додава може да предизвика сериозни компликации кај секој човек, кој има послаб имунитет, а лекарите предупредуваат дека првите симптоми се појавуваат по 12 до 17 часот од внесување на храната или пијалокот, во која ја има салмонелата.
Според градоначалникот, Звонко Пекевски состојбата со оваа бактерија е под контрола и кујната сега работи, а лекарите апелираат во моментот посебно да се сврти внимание кон хигиената и обработката на храната.

Вонредниот инспекциски надзор и мострите кои беа земени од површините, храната и од вработените во градинката покажаа дека нема салмонела. Беровскиот градоначалник, апелира до надлежните институции да продолжат со истражувањето и да го најдатат изворот на салмонела од која се заразија 12 деца од  беровската детска градинка. вс/бк/

Фото: МИА

Остани поврзан