По договорот за прекин на огнот - од ЕУ за Газа помош од 120 милиони евра
- ЕУ денеска соопшти дека ќе обезбеди помош од 120 милиони евра за воено разурната Газа, еден ден по објавувањето на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Брисел, 16 јануари 2025 (МИА) - ЕУ денеска соопшти дека ќе обезбеди помош од 120 милиони евра за воено разурната Газа, еден ден по објавувањето на договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
„Денеска усвојуваме пакет од 120 милиони евра за Газа за решавање на тековната хуманитарна криза таму“, изјави портпаролката на ЕУ, Ева Хрчирова. зш/