По вооружениот конфликт на границата, Сирија го ограничи влезот на Либанците
- Новите сириски власти воведоа ограничувања за влез на Либанци преку копнената граница меѓу двете земји, изјавија двајца либански официјални лица.
Бејрут, 3 јануари 2025 (МИА) - Новите сириски власти воведоа ограничувања за влез на Либанци преку копнената граница меѓу двете земји, изјавија двајца либански официјални лица.
Либанската армија соопшти дека еден од нејзините војници во патрола, кој денеска го „затворал илегалниот премин“ бил ранет од „истрели од луѓе од Сирија“. Според либански воен извор, либанските власти потоа ги уапсиле тие Сиријци.
Тоа е прв таков случај од 8 декември, кога вооружената коалиција доминирана од исламистите ја презеде власта во Сирија, а нејзиниот нов лидер Ахмад ал Шарех на 22 декември вети дека Сирија повеќе нема „негативно да влијае“ на Либан и дека ќе го почитува суверенитет на нејзините соседи.
Претставник на либанската безбедност, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека Либан е „изненаден од ненајавеното затворање на границата“.
Безбедносни извори на главниот граничен премин Масна рекоа дека сириските власти „воведоа нови мерки“ со кои се ограничува влезот на либански државјани кои немаат дозволи за престој во земјата.
Неименуваниот функционер рече дека Сирија можеби реагира на слични мерки претходно воведени од Либан. мс/
фото: МИА архива