• понеделник, 15 декември 2025

По Вардар од Велес утрово заплови  25 јубилејна меѓународна Вардарска регата „Гемиџии 2025“

По Вардар од Велес утрово заплови  25 јубилејна меѓународна Вардарска регата „Гемиџии 2025“

Велес,19 јуни 2025 (МИА) - Од денеска до  24 јуни низводно Вардар плови јубилејната 25 меѓународна Вардарска регата „Гемиџии 2025“, а втора година по ред од Велес се’ до Солун. На регатата која заплови утрово од под Мало Мовче на Вардар во Велес со собир на учесниците и организаторите од Општина Велес, тие по традиција се поклонија и положија свежо цвеќе на Споменикот во чест на Гемиџиите кај Вардар во Велес, а потоа и со фрлен  венец по Вардар.

На годинашната регата се вклучени околу 60-тина  учесници, најголем дел од  Велес, како и гости - учесници од повеќе земји, информира за МИА, Ангелче Гушев старешина на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, организатор на регатата со поддршка на Општина Велес и фирми спонзори. 
Тој појасни дека изминатиот месец имале интензивни поправки на препарирање на пловните објекти. Денеска запловија со десет гумени чамци, но големата дрвената Гемија и годинава не може да плови поради преминот кон Грција.

На првата етапа од Велес низводно по Вардар, која е во тек, учесниците вечерва  ќе  одморат и ноќеваат на воениот полигон  Криволак, утре на 20 јуни ќе пловат се’  до  Демир Капија каде и ќе ноќеваат. следниот ден се плови до Марвинци, по што се минуваат  6. км по суво, преку граница и се стигнува вечерта и се ноќева во  Евзони. Потоа се плови низ Вардар во Грција,  на 22 јуни  учесниците ќе одморат и преспијат  во Акропатомис и последната вечер на  23 јуни се стигнува по Вардар во Солун, а  вечерта  на плоштадот во   Солун, ќе имаат заедничка средба со Солунските скаути, а кои се нивни добри пријатели и соработници. .

- Годинава имам извиднички активности во Евзони, во Поликастро и во Солун. Централната манифестација е на плоштадот во Солун , дружење помеѓу солунските и велешките извидници и нашите гости, најави Гушев.

Тие годинава на Вардарската  регата запловија  десеттина  дена порано додека Вардар е сеуште пловен, а  воедно  додека  ќе пловат ќе добиваат дополнителен  дотур на вода од „Електрани на Македонија“, кои им ја даваат нивната поддршката за непречено пловење по Вардар.

 Регатата е помогната финансиски од Европскатга скаутска органзиација, а што им  овозможи набавка на нови пловила, нови мотори, за пловење низ делтата на Вардар пред Егејско море

Инаку токму со големи дрвени Гемии , велешките трговци пловеле низводно Вардар од крајот н 19 и почетокот на 20 век,  носејќи роба од Велес за Солун. По тој пример од  фотографија на тогашните Гемии, велешките мајстори пред 15- ттина години направија и копија на Гемија, а која потоа  пловеше по Вардар на изминатите Вардарски регати од Велес до Гевгелија. ад/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан