• вторник, 10 март 2026

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија

Скопје, 10 март 2026 (МИА) - Почнуваат активностите за реконструкција на објектот на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Гевгелија. По тој повод објектот денеска ќе го посети генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека Клековски ќе ја посети и Општата болница – Гевгелија, со цел непосредно да се запознае со функционирањето на установата, тековните активности, како и со предизвиците и потребите со кои се соочува здравствената установа. рп/хс/ 

Фото: МИА архива

Остани поврзан