• петок, 22 ноември 2024

Почна чистењето на дивите депонии во Куманово

Почна чистењето на дивите депонии во Куманово

Куманово, 12 мај 2023 (МИА) - Почнаа пролетните акции за расчистување на дивите депонии во Куманово, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. На подрачјето на Куманово детектирани се десетина поголеми депонии. За чистењето на депониите со програмата одвоени се два милиони денари. Претпријатието за чистење ја користи новата механизација која општината ја набави преку кредит од Светска Банка.

-Лоциравме десетина поголеми депонии на територија на Општина Куманово. Знаете дека најголем проблем со кој се соочува претпријатието и граѓаните на што најмногу реагираат е депонијата на влезот во населбата „Перо Чичо“ која е особен проблем за граѓаните кои живеат таму. Таа депонија е чистена десетина пати повторно преку овие акции ќе се чисти и таа. Вчера е исчистена депонијата на регионалниот пат Свети Николе, а денес ја чистиме депонијата кај место „Касарна“ непосредно до село Проевце, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.

Акциите ќе продолжат и наредните денови. Во акциите според најавите, ќе се вклучат и месни заедници по чија сугестија ќе се чистат одредени локации. Од „Чистота и Зеленило“ апелираат на совесно однесување на граѓаните.

-Апелирам да се воздржуваат од создавање на вакви депонии кои се навистина штетни по здравјето и ја загрозуваат животната средина, апел до надлежните инспекциски служби за навремено реагирање и фаќање на сторителите кои несовесно се однесуваат. Само на таков начин ние ќе имаме здрава животна средина, изјави Стојчевски.

Предвидено е акциите да завршат во јуни.ам/бт/

Фото МИА и ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово

Остани поврзан