Почна собраниската седница за пратенички прашања
- Во тек е изјаснување на пратениците за одговорите што ги добиле во пишана форма за прашањата од претходната седница.
Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) – Во Собранието се одржува седницата за поставување пратенички прашања.
Во тек е изјаснување на пратениците за одговорите што ги добиле во пишана форма за прашањата од претходната седница.
На почетокот на седницата, во процедурална реакција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески констатираше дека не е присутен министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и побара да се обезбеди негово или присуство на заменикот затоа што имале прашања што се однесуваат на надлежностите на овој ресор. Мицевски реагираше и за отсуството на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски образложи дека отсуството на министерот Спасовски е оправдано согласно со собранискиот Деловник, а обвинителот Јовески, како што рече, нема обврска да присуствува на седницата бидејќи не бил поканет од ниту една пратеничка група.лв/мд/
фото:Принтскрин