• петок, 14 јуни 2024

Почна реконструкција на локалниот пат до кумановското село Проевце

Почна реконструкција на локалниот пат до кумановското село Проевце

Куманово, 23 мај 2024 (МИА) - Во тек е целосна реконструкција, со нов слој на асфалт на трасата од мостот од влезот на Куманово до село Проевце, соопштија денеска надлежните од општина Куманово. Во ова населено место претходно се реконструираа три улици, зашто беа одвоени е 8, 7 милиони денари за реконструкција на „601“, „607“ и „610“. Трите улици беа во незавидна состојба, главната улица беше видно оштетена од движењето на товарни возила. Улиците и трасата влегоа во развојната програма на општина Куманово. Жителите извесен период упатуваа барања за реконструкција беше изработен проект и сега е почнато со реализација

- Многу е важно да се инвестира во ова населено место кое е најблиску до градот, но и до бањата, бидејќи им овозможуваме на жителите да почнат и дел од нив да се вратат на издавање соби за бањски туризам, изјави претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Жителите пак реагираа дека општината вложува во други пооддалечени места, не и во нивното населено место кое речиси е споено со градот. Во ова населено место општината пред две години вложи во изградба на фекална канализација на улицата „607“ за што одвои скоро четири милиони денари, а во 2021 со 7,6 милиони денари ја изгради улицата „620“ која го поврзува Проевце со Куманово. ам/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан