• понеделник, 23 декември 2024

Почна реконструкцијата на училиштето во делчевското село Тработивиште

Почна реконструкцијата на училиштето во делчевското село Тработивиште

Делчево, 6 јуни 2023 (МИА) - Новата учебна година учениците во Подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во селото Тработивиште во Делчево ќе ја започнат во реновирани училници и санитарни јазли. Деновиве започнаа градежните работи за реконструкција на училниците, санитарните јазли, како и решавање на проблемот со отпадните води и приклучок на објектот на фекалната канализација.  

Увид во почетните работи денеска изврши градоначалникот Горан Трајковски, кој истакна дека во прашање е прва посериозна реконструкција на стариот училишен објект од неговото отворање.     

- Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината. Затоа, наша обврска е да создаваме современи услови за работа во сите училишта во Делчево, а со тоа и во подрачните училишта.  Во таа смисла, со задоволство можам да објавам дека започнаа градежните работи за реконструкција на училишната зграда во с. Тработивиште. Посебно сакам да ја нагласам оваа инвестиција, рече Трајковски.

Училиштето во Тработивиште е објект стар седумдесет години и ова е прва посериозна реконструкција од отворањето на училиштето.

- Овде континуирано учат ученици и од македонска и од ромска националност. Оваа инвестиција е уште еден доказ за нашата посветена работа и нашите заложби да донесеме подабар квлаитет на животот на сите граѓани од нашата општина, додаде Трајковски.    

Вредноста на проектот е еден милион денари, а проектот се реализира во рамки на Програмата РОМАКТЕД фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво. Изведувач на работите е тетовската фирма ПАНЕЛ-М, а работите треба да завршат за два месеци. вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан