• недела, 19 мај 2024

Почна реконструкцијата на училишната спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населбата Железара

Почна реконструкцијата на училишната спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населбата Железара
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Почна реконструкцијата на училишната спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населбата Железара. За реконструкцијата со објава на својот фејсбук-профил информира градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој денеска изврши увид во градежните работи. - Денес направивме увид на градежните работи за реконструкција на училишната спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населбата Железара. Со овој проект целосно ќе се реконструира внатрешниот дел на училишната спортска сала, ќе се постави нова гумена подлога како и нови кошеви и останати реквизити, напиша Стефковски. Според градоначалникот Стефковски, со реконструкцијата на салата ќе се овозможат подобри услови за реализација на наставните часови по физичко и здравствено образование. фф/сп/

Остани поврзан