• вторник, 17 декември 2024

Почна новогодишно украсување во Куманово

Почна новогодишно украсување во Куманово

Куманово, 3 декември 2024 (МИА) - Почна новогодишно украсување на Куманово. За оваа намена, општината одвои неполни три милиони денари. Денеска беа поставени новите набавени елементи. Надлежните од јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ велат дека во цената покрај набавката на украсите е и монтажа, транспорт и демонтажа на новогодишните украси.

- Старите исто така ќе бидат наместени наредните денови и за два-три дена, градот новогодишно ќе блесне. Нова елка ќе биде поставена на плоштадот, малата елка на малиот плоштад, има повеќе украси, изјави директорот на ЈП, Андреја Маџовски.

Дел од оштетените лански украси се поправаат. Куманово последниве години набавува сопствени украси што дополнително ја збогатува атмосферата. Лани, за првпат беше украсен „малиот“ градски плоштад, претходните години се украсуваа и улиците кога општината само изнајмуваше украси. Оваа година ќе биде украсена и улицата што ги поврзува плоштадите. Надлежните од претпријатието очекуваат најмладите, но и сите генерации да уживаат во празничната атмосфера. ам/ир/

Фото: МИА

Остани поврзан