Почна манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“ во Штип
- Околу стотина ученици од основните и средните училишта во Штип денеска се натпреваруваат во спортски дисциплини. Манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“ ја организираат Општина Штип и Сојузот на училишен спорт. Целта на манофестацијата, како што рече претседателот на Сојузот на училишен спорт, Зоран Арсов е да се промовира важноста на училишниот спорт, како и физичката активност кај младите.

Штип, 11 април 2025 (МИА) – Околу стотина ученици од основните и средните училишта во Штип денеска се натпреваруваат во спортски дисциплини. Манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“ ја организираат Општина Штип и Сојузот на училишен спорт. Целта на манофестацијата, како што рече претседателот на Сојузот на училишен спорт, Зоран Арсов е да се промовира важноста на училишниот спорт, како и физичката активност кај младите.
-Учениците од основните училишта во рамките на манифестацијата „Пролетни денови на училишен спорт“ ќе се натпреваруваат во одбојка за девојчиња, додека средните училишта ќе се натпреваруваат во футсал. Морам да истакнам дека оваа година вклучуваме над сто ученици, кои ќе се натпреваруваат во овие дисциплини, рече Арсов.
Директорката на Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“, Јованка Шалева истакна дека оваа година се домаќини на манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“. Таа посочи дека спортот воспитува, дисциплинира, а како училиште ги мотивираат своите ученици да учествуваат во спортски активности. вдј/дма/
Фото: МИА