• недела, 07 јули 2024

Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци во општина Илинден

Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци во општина Илинден

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Општина Илинден почна со изградба на ново детско игралиште во населеното место Ајватовци. Во рамки на игралиштето ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Како што информираат денеска од Општина Илинден, на терен увид на работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека децата од Ајватовци ќе добијат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.

Новото детско игралиште, велат од Општината, претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите. Од Општина Илинден најавуваат дека во наредниот период ќе бидат реконструирани постојните и ќе се изградат нови детски игралишта и во останатите населени места. сст/са/

фото Општина Илинден

Остани поврзан