• петок, 22 ноември 2024

Почнаа градежните работи за изградба на нов мултифункционален парк во Триангла

Почнаа градежните работи за изградба на нов мултифункционален парк во Триангла
Скопје, 11 април 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска го означи почетокот на градежните работи за изградба на нов голем мултифукнционален парк во населеното место Триангла. За почетокот со изградба, Стефковски информираше на својата официјална страна на фесбук на која напиша дека паркот се гради помеѓу пешачката патека и општинското основно училиште „Наум Нумовски Борче“ на површина од 2000 метри квадратни. - Во рамки на паркот ќе има повеќе содржини, комплетно хортикултурно уредување, ќе се изградат патеки со павер елементи, ќе се постави ново улично осветлување, летниковец и повеќефункционална фонтана. Ќе се постават и повеќе реквизити за детска забава, додека на другиот крај од паркот ќе се изгради и парк за миленичиња. Со изградбата на мултифункционалниот парк ќе се изврши урбанизација на овој простор на кој во минатото често се депонираше отпад, објави градоначалникот на Гази Баба. Овој мултифункционален парк за жителите на Триангла, Маџари и цела општина Гази Баба, оцени тој, ќе преставува нов уреден простор за одмор и рекреација. - Општина Гази Баба ќе продолжи со инвестициите во зголемувањето на парковските површини. Изградбата на вакви мултифункционални паркови ќе продолжи и во други населени места, напиша Стефковски На настанот покрај градоначалникот Стефковски, присуствувала и пратеничката во Собранието Жаклина Пешевска, членови на Советот на Општина Гази Баба и граѓани. цр/са/    

Остани поврзан