• петок, 05 декември 2025

Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала

Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во близина на грчкиот град Кавала

Атина, 22 јули 2025 (МИА) – На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала, вчера починал 80-годишен македонски државјанин и покрај укажаната прва помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови, биле информирани дека „80-годишен странски државјанин на (државјанин на Република Северна Македонија) бил извлечен во бессознание од плажата“, му била укажана прва помош, а потоа со амбулантно возило на брзата помош бил пренесен во Општата болница во Кавала, каде што лекарите констатирале смрт.

Според информациите на МИА, 80-годишниот ја загубил свеста додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, а обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта. ср/вг/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан