Почина 67 годишен пациент во ковид-центарот во Тетово
- Во изминатите 24 часа почина 67 годишен пациент во ковид-центарот во Тетово, информираат од клиничката болница.
Тетово, 3 февруари 2022 (МИА) - Почина 67 годишен пациент во ковид-центарот во Тетово, информираа денеска од клиничката болница.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата ова е вкупно 558 смртен случај поради коронавирусот.
- Пациентот бил примен на болничко лекување на 18 јануари, не бил вакциниран. Имал хронична болест, информира д-р Хасан Илјази од Клиничка болница Тетово.
Во ковид-центарот, односно во просториите на инфективното одделение има вкупно 13 луѓе на болничко лекување. Сите се на кислородна поддршка, а од нив седум биле вакцинирани, додека другите не примиле вакцина. За 24 часа имало 65 прегледи и контроли. ас/ар/