• петок, 20 декември 2024

Почина претседателот на Македонскиот национален совет во Србија

Почина претседателот на Македонскиот национален совет во Србија

Белград, 11 март 2024 (МИА) - По долга болест, на 57 години почина Борче Величковски, претседател на Националниот совет на македонското национално малцинство во Р.Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Величковски на чело на Македонскиот национален совет беше три мандата, а четвртиот му течеше, откако беше избран за претседател на непосредните електорски избори на Македоците во Србија.

Тој беше одликуван од поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов со орден за заслуги на Р.Македонија.

За време на неговиот мандат работеше на остварување на законските права на македонсото национално малцинство во Србија во областа на културата, информирањето, изучувањето на македонскиот јазик, образованието и нивната имплементација во Јабука, Качарево, Глогоњ, Панчево, Белград, Лесковац, Врање, Краљево и други места во кои има поголема концентарција на македонци.

Комеморацијата и погребот ќе се одржат во среда во Панчево, соопштија од Македонската национална заедница во Србија.об/бт/

Остани поврзан