• недела, 22 декември 2024

Почина поранешниот југословенски ракометен репрезентативец Златко Портнер

Почина поранешниот југословенски ракометен репрезентативец Златко Портнер
Цирих, 23 септември 2020 (МИА) - Поранешниот југословенски ракометар Златко Портнер почина во Швајцарија ненадејно на 58-годишна возраст. Портнер беше член на славната генерација на југословенски ракомет од 80-тите години на минатиот век. Кариерата ја започна во Хртковци, па играше за Црвенка пред да потпише за Металопластика со која два пати стана европски шампион. Следна негова дестинација беше Барселона, со која исто така го освпои Купот на шампионите. Играше и во Франција и Швајцарија. Со репрезентацијата на Југославија, Портнер освои злато на Светското првенство во Швајцарија во 1986 година и бронза на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. зс/

Остани поврзан