• среда, 14 јануари 2026

Починатиот во вчерашниот пожар во стан во Тетово е 76-годишник

Починатиот во вчерашниот пожар во стан во Тетово е 76-годишник

Тетово, 14 јануари 2026 (МИА) - СВР Тетово денеска ги сподели деталите од пожарот во стан на улицата 180, а во градот познато како Блок 70. Станува збор за 76-годишнот пензиониран професор Обрад Стојановиќ.

- На 13.1.2026, во 19.20 часот. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.ицата 180 во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О. С. (76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт, а изгореници добил син му М. С. (51) од Тетово при обид да го изгаси огнот. Со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Клиничката болница - Тетово за укажување лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.

Од починатиот преку Ин меморијам се збогуваше Здружението на Србите и Македонците „Бранко Чајка“, за кое Обрад Стојановиќ бил еден од иницијаторите за формирање, но и негов долгогодишен претседател. Стојановиќ работниот век од 42 години го помина во Средното текстилно училиште во Тетово како наставник по практична настава.ас/

Фото: ТППЕ 

Остани поврзан