Во посета на Дебар генералниот конзул на Косово, Красниќи
- Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, денеска оствари средба со генералниот конзул на Република Косово во Република Северна Македонија, Агим Красниќи, информираа од општината.
Дебар, 14 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, денеска оствари средба со генералниот конзул на Република Косово во Република Северна Македонија, Агим Красниќи, информираа од општината.
На средбата станало збор за унапредување на институционалната соработка помеѓу Општина Дебар и институциите на Република Косово, како и за можностите за реализација на заеднички проекти од взаемен интерес.
Генералниот конзул, Красниќи му го честитал мандатот на Мела по повод преземањето на функцијата градоначалник на Општина Дебар, посакувајќи му успешна и плодна работа во интерес на граѓаните.
Од своја страна градоначалникот Меља ја истакнал важноста од одржување и унапредување на добрите односи меѓу двете земји, потенцирајќи ја улогата на регионалната соработка во економскиот, културниот и социјалниот развој на општината.
- Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во иднина, наведуваат од општината. вт/
Фото: Општина Дебар